Линкови за пристапност

Рускиот суд ја одби жалбата на Бритни Грајнер против 9-годишната затворска казна


Кошаркарската ѕвезда учествуваше на сослушувањето преку видеоврска од притворен центар надвор од Москва
Кошаркарската ѕвезда учествуваше на сослушувањето преку видеоврска од притворен центар надвор од Москва

Рускиот суд денес ја отфрли жалбата на кошаркарската ѕвезда Бритни Грајнер за деветгодишна затворска казна за поседување дрога.

Советникот за национална безбедност на САД Џејк Саливан рече дека „свесни сме за веста од Русија дека Бритни Грајнер ќе продолжи да биде незаконски притворена под неподносливи околности откако ќе мора да подлежи на уште една лажна судска постапка денес“.

„Претседателот Бајден беше многу јасен дека Бритни треба веднаш да биде ослободена. Во последниве недели, администрацијата на Бајден-Харис продолжи да се ангажира со Русија преку секој достапен канал и да вложи максимални напори да ја врати Бритни дома, како и да ги поддржи и застапува другите Американци притворени во Русија, вклучително и незаконски затворениот Пол Вилан“, рече тој

Грајнер учествуваше на сослушувањето преку видеоврска од притворен центар надвор од Москва.

Грајнер, која двапати освои златен олимписки медал, беше уапсена на 17 февруари на московскиот аеродром поради масло од канабис, кое е забрането во Русија.

Таа беше осудена на 4 август на девет години под обвинение за поседување и шверц на дрога.

„Таа е многу нервозна чекајќи го рочиштето за жалба“, изјавија адвокатите на Грајнер пред денешната седница.

„Бритни не очекува да се случат чуда, но се надева дека апелациониот суд ќе ги слушне аргументите на одбраната и ќе го намали рокот“, изјавија тие.

Грајнер се изјасни за виновна на нејзиното судење, но рече дека направила „искрена грешка“ и дека не сакала да го прекрши законот.

САД велат дека Грајнер била неправедно приведена и понудиле да ја разменат за Виктор Бут, руски трговец со оружје кој отслужува 25-годишна затворска казна во САД.

Москва, исто така, сугерираше дека е отворена за размена на затвореници.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG