Линкови за пристапност

Прогресивните демократи бараат Бајден да преговара со Русија да стави крај на војната


Законодавците велат дека дека дипломатските напори треба да бидат дел од пристапот на САД за ставање крај на војната, која има катастрофални последици
Законодавците велат дека дека дипломатските напори треба да бидат дел од пристапот на САД за ставање крај на војната, која има катастрофални последици

Прогресивните демократски законодавци бараат претседателот Џо Бајден да го смени пристапот на САД кон војната во Украина со директно преговарање со Русија.

Во писмото потпишано од 30 демократи во Претставничкиот дом, се вели дека ја ценат посветеноста на Бајден „на легитимната борба на Украина против руската агресивна војна“ и признаваат дека економската, воената и хуманитарната помош на САД е клучна за успехот на Украина во борбата против Русија.

Но, во писмото што го објави Вашингтон пост, законодавците велат дека дека дипломатските напори треба да бидат дел од пристапот на САД за ставање крај на војната, која има катастрофални последици врз украинскиот народ, и која претставува закана за глобалните кризи со храна и сиромаштија, преку зголемените трошоци за гориво и жито.

„Како законодавци одговорни за трошењето на десетици милијарди долари од американските даночни обврзници за воена помош во конфликтот, веруваме дека таквото вмешување во оваа војна, исто така, создава одговорност за САД сериозно да ги истражат сите можни патишта, вклучително и директен ангажман со Русија, за да се намали штетата и да се поддржи Украина во постигнување мирно решение“, напишаа законодавците.

На прес-конференција во јуни 2022 година, Бајден ја призна таа можност на прашањето дали Украина ќе мора да ѝ отстапи територија на Русија за да стави крај на конфликтот.

„Ми се чини дека, во одреден момент тука ќе мора да има договор со преговори. А што значи тоа, не знам. Мислам дека никој не знае во во ова време“, рече Бајден.

Законодавците велат дека не е местото на САД да вршат притисок врз Украина да прифати решение, пишувајќи дека секоја „рамка веројатно би вклучувала стимулации за ставање крај на непријателствата, вклучително и некаква форма на олеснување на санкциите, и здружување на меѓународната заедница за воспоставување безбедносни гаранции за слободна и независна Украина која е прифатлива за сите страни, особено за Украинците“.

САД испратија речиси 60 милијарди долари хуманитарна, економска и воена помош за Украина по неиспровоцираната руска инвазија во февруари.

Во писмото се вели дека тие сè уште се за продолжување на помошта.

Но, лидерот на малцинството во Претставничкиот дом Кевин Мекарти, кој е подготвен да стане претседател на Претставничкиот дом ако републиканците ја освојат контролата врз Претставничкиот дом на претстојните конгресни избори во ноември, рече дека продолжувањето на помошта на САД за Украина не е обезбедено, со оглед на домашната економска загриженост.

Со ова не се согласуваат сите републикански лидери. Лидерот на малцинството во Сенатот Мич Меконел повика на поголема помош од САД за Украина во изјава минатиот петок, велејќи дека „администрацијата на Бајден и нашите сојузници треба да направат повеќе за да ги обезбедат алатките што ѝ се потребни на Украина за да ја спречи руската агресија. Очигледно е дека ова мора да вклучи дополнителна противвоздушна одбрана , пожари од долг дострел и хуманитарна и економска поддршка за да ѝ се помогне на оваа земја разурната од војна да ја издржи претстојната зима“.

Прогресивните демократи го пофалија пристапот на Бајден, велејќи дека политиката на администрацијата е критична за спречување на сеопфатен нуклеарен конфликт.

„Немаме илузии во врска со тешкотиите вклучени во ангажманот со Русија со оглед на нејзината срамна и незаконска инвазија на Украина и нејзината одлука да направи дополнителни нелегални анексии на украинска територија. Меѓутоа, ако постои начин да се стави крај на војната со зачувување на слободна и независна Украина, одговорност на Америка е да ги следи сите дипломатски патишта“, се вели во писмото.

XS
SM
MD
LG