Американскиот претседател Џо Бајден ќе објави ослободување на 15 милиони барели нафта од стратешките резерви на САД, дел од одговорот на неодамнешните намалувања на целите на производството објавени од земјите на ОПЕК +.
Претседателот ќе се заложи за поголема продажба на нафта оваа зима, бидејќи неговата администрација планира ги интензивира напорите за намалување на цените на бензинот пред делумните конгресни избори следниот месец, објави Асошиејтед Прес.
Според АП, со последниот чекор ќе се комплетира ослободувањето на 180 милиони барели одобрени од Бајден во март, што првично требаше да се случи во текот на шест месеци.
Тоа ја доведе стратешката резерва на нафта на најниско ниво од 1984-та, за што администрацијата во Вашингтон го нарече, потегот, мост додека не се зголеми домашното производство.
Резервите на САД сега ќе изнесуваат околу 400 милиони барели нафта.
Можни се дополнителни ослободувања на нафта, а Бајден, не го исклучи тоа, во обид да ги намали цените на бензинот.
Но, претставниците на администрацијата не наведуваат колку нафтени резерви претседателот планира претседателот да ослободи, ниту колку планира да се зголеми домашното производството на нафта на САД.
Потенцијалната загуба од 2 милиони барели дневно - 2% од глобалното снабдување, по одлуката на ОПЕК – ја поттикна Белата куќа да ја обвини Саудиска Арабија дека е на страната на рускиот претседател Владимир Путин и да најави дека ќе има последици по снабдувањето што може да се одрази врз цените на енергијата.
Ослободувањето од 15 милиони барели нема да покрие ниту еден ден користење на нафта во САД, според Управата за енергетски информации.