Линкови за пристапност

Експерти предупредуваат дека регионот е ранлив со украинската криза во актуелната геополитичка слика


Спасовски: „Во моментов немаме индикации за влошување на безбедноста. Генерално, безбедноста претставува сериозен предизвик поради случувањата со инвазијата на Русија врз Украина“.
Спасовски: „Во моментов немаме индикации за влошување на безбедноста. Генерално, безбедноста претставува сериозен предизвик поради случувањата со инвазијата на Русија врз Украина“.

Безбедносната состојба во земјава е стабилна“ – уверуваат надлежните институции. Врвот на МВР вели дека се следи ситуацијата по поместувањата на фронтот во Украина, делумното повлекување на руските сили и најавите за мобилизација на огромен број резервисти што пак предизвика бран на заминувања на граѓани од Русија, пред се во земјите кои имаат добри односи со Москва, како што е соседна Србија.

„Во моментов немаме индикации за влошување на безбедноста. Генерално, безбедноста претставува сериозен предизвик поради случувањата со инвазијата на Русија врз Украина. Нашите безбедносни служби работат во полн капацитет во однос на заштитата на територијалниот интегритет на Република Северна Македонија. Значењето на тоа членство во НАТО можеме да го увидиме сега, во моменти кога имаме еден ваков сериозен конфликт. Така што сите случувања на тој план треба да нè држат будни како безбедносни служби.“, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Северна Македонија.

Меѓународни експерти, одлични познавачи на Балканот, кои учествуваа на конференцијата „Редефинирани приоритети: нови реалности по украинската криза“, предупредуваат дека во ваква геополитичка ситуација регионот е ранлив. За сериозен проблем ја сметаат политиката на Србија, која не се приклучи на санкциите против Русија, и, како што велат, политичкото влијание кое Белград го остварува преку „Отворен Балкан“.

„Добра идеја е за земјите од регионот да тргуваат, но е лоша идеја тоа да се прави со режим дизајниран за зголемување на српската политичка моќ. Економската моќ е политичка моќ. Економиите во регионот не се исти, Србија ја има најголемата економија, има трговски суфицит во регионов. Србија е автократија, не е демократија, се движи во погрешна насока. На примерот со Русија и Украина гледаме што значи кога државата ја води автократ, а тоа е нестабилност. За Северна Македонија е во ред да има добрососедски односи со сите соседи, вклучувајќи ја и Србија. Но, патот за стабилност во регионот и за вашата земја е цел Западен Балкан да се движи кон НАТО и ЕУ. Србија се противи на НАТО, во смисла на тоа дека ја поддржува Русија, на применува санкции против неа, го промовира рускиот наратив. `Отворен Балкан` е дизајниран така што на Србија и дава економска слобода, а тоа значи поголемо политичко влијание во регионот, а тоа води кон нестабилност“, истакна Едвард Џозеф, експерт од Универзитетот Џонс Хопкинс.

Руската амбасада во Скопје
Руската амбасада во Скопје

Наспроти изјавите дека безбедносната состојба е стабилна, владата во Скопје потврди дека Руската Федерација презела активности за влијание врз политичката сцена во земјава, откако американскиот Стејт департмент обелодени дека во изминатите неколку години Москва со повеќе од 300 милиони долари финансирала политички партии и функционери во десетици држави за така да влијае врз надворешната политика на тие земји. Кои се политичари во Северна Македонија можеби имаат финансиска поддршка од Русија, не се открива.

XS
SM
MD
LG