Линкови за пристапност

Пендаровски за Елизабета Втора: “Еден од најголемите лидери во Европа, која придонесуваше за стабилноста“


Пендаровски за смртта на Кралицата
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:51 0:00

Пендаровски за смртта на Кралицата

„Еден од најголемите лидери во Европа, која придонесуваше за стабилноста на сите континенти“ – изјави претседателот Пендаровски за кралицата Елизабета Втора која вчера почина откако помина 70 години на англискиот престол. Шефот на државата, кој му беше домаќин на италијанскиот претседател, Серџо Матарела, прес-конференцијата ја почна со едноминитуно молчење по повод смртта на Елизабета Втора.

„Значи, станува збор за еден од најголемите лидери, не само во политичка, туку и пошироко во хумана смисла на европскиот континент. Самиот факт дека цели 7 децении таа кралица беше еден од клучните европски и светски фактори кој придонесуваше на стабилноста на сите континенти, доволно зборува за нејзината улога која историјата ќе знае да ја цени токму на ваков начин. Уште една реченица која би сакал да ја додадам на мојата мисла за Кралицата Елизабета Втора – Обвединетото Кралство беше една од државите кои најмноги ни помогнаа во етаблирањето на нашата независност. “, изјави македонскиот претседател Стево Пендаровски.

XS
SM
MD
LG