Линкови за пристапност

САД во жалост за смртта на Кралицата Елизабета Втора


САД се во жалост за смртта на монархот со најдолг стаж во Велика Британија додека претседателите и политичарите се навраќаат на животот и достигнувањата на кралицата Елизабета Втора.

„Нејзиното височество кралицата Елизабета Втора беше повеќе од монарх. Таа дефинираше една ера. Во светот на постојани промени, таа беше постојано присуство и извор на удобност и гордост за генерации Британци“, објавија претседателот на САД Џо Бајден и првата дама Џил.

Семејството Бајден синоќа ја посети британската амбасада во Вашингтон, каде што двајцата ја потпишаа книгата на жалост. „Жалиме за сите вас“, им порача претседателот на персоналот на Амбасадата. "Таа беше одлична дама. Многу сум среќен што успеав да ја запознаам."

Бакингемската палата објави дека 96-годишната Елизабета починала мирно во замокот Балморал во Шкотска. Ја наследува нејзиниот најстар син Чарлс, кој станува крал.

Поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел Обама, исто така, се сеќаваа на кралицата. „Како и многу други, Мишел и јас сме благодарни што бевме сведоци на посветеното лидерство на Нејзиното Височество и сме воодушевени од нејзиното наследство на неуморна, достоинствена јавна служба“.

Поранешниот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп исто така објавија соопштение. „Каква голема и убава дама беше - немаше никој како неа!

За време на 70-годишното владеење на кралицата, таа се сретна со 14 американски претседатели, почнувајќи од Хари С. Труман.

Таа беше пречекана во САД во официјални посети повеќе пати, вклучувајќи ја и посетата во 1976 година за да ја прослави двеста-годишнината на САД; во 1991 година, да се обрати на заедничка сесија на Конгресот; и во 2007 година, за одбележување на 400-годишнината од основањето на Џејмстаун во Вирџинија, првата постојана англиска населба во Америка.

XS
SM
MD
LG