Линкови за пристапност

Бакингамската палата загрижена за здравјето на кралицата Елизабета


Бакингамската палата издаде соопштение во кое изразува загриженост за здравјето на 96-годишната кралица Елизабета по медицинската проценка направена денес.

Во соопштението се вели дека лекарите на британскиот монарх препорачале таа да остане под медицински надзор. Се вели дека таа „е удобно сместена“ во нејзиниот замок Балморал во Шкотска, нејзиниот летен дом.

Кралицата го откажа состанокот во средата со тајниот совет, група нејзини најблиски, најдоверливи советници. Би-Би-Си денес објави дека принцот Чарлс и другите членови на кралското семејство отпатувале во Балморал за да бидат со кралицата.

Од нејзиниот профил на Твитер, премиерката Лиз Трус рече дека „целата земја“ е „длабоко загрижена“ од веста. Таа додаде: „Моите мисли - и мислите на луѓето низ нашето Обединето Кралство - се со нејзиното Височество кралицата и нејзиното семејство во овој момент“.

Кралицата официјално ја назначи Трас за премиерка во Балморал во вторникот, наместо да отпатува за Лондон на настанот. За време на нејзиното 70-годишно владеење, кралицата вообичаено се состанува со нејзиниот нов премиер во Бакингамската палата.

Некои информации за овој извештај се обезбедени од Асошиетед прес.

XS
SM
MD
LG