Линкови за пристапност

Одделот за правда вели дека има докази за опструкција во случајот со документите кај Трамп


Одделот за правда соопшти дека адвокатот му забранил на владиниот персонал да гледа во кутиите во магацинот за да потврди дека таму нема други доверливи документи
Одделот за правда соопшти дека адвокатот му забранил на владиниот персонал да гледа во кутиите во магацинот за да потврди дека таму нема други доверливи документи

Одделот за правда на САД вчеравечер соопшти дека има докази за веројатни напори да се попречи истрагата на владата за доверливите документи што се чуваа во имотот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Флорида.

Во судската пријава се цитира декларација од јуни на претставник на Трамп во која се вели дека сите доверливи документи се вратени на владата, како и изјави на адвокат на Трамп дека сите преостанати документи во Белата куќа се чуваат во една просторија за складирање.

Одделот за правда соопшти дека адвокатот му забранил на владиниот персонал да гледа во кутиите во магацинот за да потврди дека таму нема други доверливи документи.

Два месеца подоцна, ФБИ изврши налог за претрес на локацијата, заплени 33 кутии кои содржеа повеќе од 100 доверливи записи, вклучително и некои со највисоко ниво на класификација.

Одделот за правда соопшти дека агентите пронашле дел од доверливите документи во фиока во канцеларијата на Трамп на имотот за време на претресот на почетокот на август.

Според американскиот закон, претседателските досиеја припаѓаат на владата и мора да бидат предадени на Националниот архив на крајот од мандатот на лидерот. Трамп ја напушти функцијата во јануари 2021 година.

Тој ја критикуваше потрагата во август како без преседан и непотребна, велејќи дека соработува со федералните агенции. Неговите адвокати побараа од федералниот судија да назначи специјално лице кое ќе провери дали запленетите документи вклучуваат некакви привилегирани информации.

Одделот за правда вчера рече дека на Трамп му било дадено многу време да ги исполни барањата да ги врати владините досиеја и дека специјален тим во Одделот веќе ја завршил работата за филтрирање на секој привилегиран материјал. Судијата треба дополнително да го разгледа барањето на Трамп на сослушувањето в четврток.

Дел од информациите во текстот се прземени од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG