Линкови за пристапност

Трамп побара судот да го блокира ФБИ да ги разгледува документите од Мар-а-Лаго


Поранешниот претседател бара привремено да се стопира истрагата и да се назначи специјално лице да го одвои материјалот опфатен со извршна привилегија
Поранешниот претседател бара привремено да се стопира истрагата и да се назначи специјално лице да го одвои материјалот опфатен со извршна привилегија

Адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп побараа од федералниот суд привремено да го блокира ФБИ да ги прегледува документите добиени од неговиот имот во Флорида, додека не биде назначено специјално лице да го одвои материјалот опфатен со извршна привилегија.

Федералните истражители работат на тоа да откријат дали Трамп незаконски водел евиденција по завршувањето на неговиот претседателски мандат.

ФБИ заплени 11 комплети доверливи материјали од имотот на Трамп на почетокот на овој месец, вклучително и некои означени со највисокото ниво на класификација што може да се гледаат само во одредени владини објекти.

Националниот архив, исто така, отстрани кутии од имотот на почетокот на оваа година, кои требаше да ѝ бидат предадени на агенцијата кога Трамп ја напушти функцијата.

Трамп ја критикуваше постапката, а во неговата правна постапка пребарувањето на ФБИ на 8 август 2022 година го нарече како „шокантно агресивен потег“.

Одделот за правда на САД одговори дека федерален судија го овластил претресот откако ФБИ покажало веројатна причина дека е сторено кривично дело.

„Њујорк тајмс“ вчера објави дека владата открила повеќе од 300 доверливи документи од имотот на Трамп, вклучително и материјали од ЦИА, Агенцијата за национална безбедност и ФБИ.

По претресот во август, адвокатите на Трамп побараа од федералниот судија да ја објави изјавата на ФБИ со детали за веројатната причина за спроведување на претресот.

Одделот за правда се спротивстави на потегот, велејќи дека тоа ќе ја загрози тековната кривична истрага, а судијата вчера рече дека иако таа загриженост е легитимна, тој не верува дека документот треба да остане целосно запечатен.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG