Линкови за пристапност

Претресот во домот на Трамп предизвика екстремистичка реторика онлајн


Поддржувачите на Трамп реагираа онлајн, објавувајќи коментари од типот „Само ќе кажам. Гарланд треба да биде убиен“
Поддржувачите на Трамп реагираа онлајн, објавувајќи коментари од типот „Само ќе кажам. Гарланд треба да биде убиен“

Пребарувањето на Федералното истражно биро (ФБИ) во домот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Флорида доведе до зголемување на онлајн екстремистичка реторика, што предизвика загриженост за нов бран политичко насилство.

Додека агентите на ФБИ извршија претрес во Мар-а-Лаго, поранешниот претседател излезе на својата платформа Truth Social и објави дека „мојот прекрасен дом, Мар-А-Лаго во Палм Бич, Флорида, моментално е под опсада, рација и окупирана од голема група агенти на ФБИ“.

„Никогаш вакво нешто не му се случило на претседател на САД. Незаконието, политичкиот прогон и ловот на вештерки мора да бидат разоткриени и прекинати“, напиша Трамп.

Реакцијата меѓу неговите фанови беше брза, меѓу кои имаше објава „Само ќе кажам. Гарланд треба да биде убиен“. Закани имаше и за федералниот судија кој го потпишал налогот за претрес.

Одделот за правда на САД го истражува поранешниот претседател Доналд Трамп за можни прекршувања на Законот за шпионажа и други злосторства, откако Федералното истражно биро откри доверливи документи во неговиот дом во Флорида, Мар-а-Лаго минатата ндела.

Одделот за правда разгледува три федерални злосторства како дел од истрагата за Трамп: прекршување на Законот за шпионажа, попречување на правдата и несоодветно постапување со владини документи.

Претресот беше лично одобрен од државниот обвинител Мерик Гарланд.

XS
SM
MD
LG