Линкови за пристапност

Документ од 2019 година откри како поранешниот обвинител Бар бил советуван да не отвори истрага против Трамп


Одделот за правда го објави документот во кој се вели дека доказите развиени за време на истрагата на специјалниот советник не се доволни за да се утврди дека претседателот извршил прекршок за попречување на правдата
Одделот за правда го објави документот во кој се вели дека доказите развиени за време на истрагата на специјалниот советник не се доволни за да се утврди дека претседателот извршил прекршок за попречување на правдата

Одделот за правда на САД објави доверлив документ од 2019 година во кој се советува тогашниот државен обвинител Вилијам Бар да не покренува кривична постапка против тогашниот претседател Доналд Трамп за попречување на истрагата на специјалниот советник за руското мешање во изборите.

Документот на Стивен Енгел, тогашен шеф на Канцеларијата за правни советници на Одделот за правда, и Едвард О'Калаган, друг висок функционер, бил напишан на 24 март 2019 година, истиот ден кога Бар му кажа на Конгресот дека нема „доволно“ докази за го обвини Трамп за попречување на правдата во врска со истрагата за Русија.

„Ви препорачуваме да заклучите дека, според принципите на федералното обвинителство, доказите развиени за време на истрагата на специјалниот советник не се доволни за да се утврди дека претседателот извршил прекршок за попречување на правдата“, се вели во документот од девет страници.

Тој е објавен како одговор на тужбата согласно Законот за слобода на информации поднесена од организацијата „Граѓани за одговорност и етика“ во Вашингтон.

Одделот за правда се спротивстави на објавувањето на целосниот извештај, тврдејќи дека тој одразува чувствителни внатрешни размислувања.

Но, федералниот апелационен суд минатиот петок нареди да се објави извештајот.

Документот бил напаревн по заклучокот на истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер за наводите дека кампањата на Трамп договарала со Русија за да го промени исходот од претседателските избори во 2016 година.

Во својот последен извештај до Бар, Мулер напиша дека не нашол доволно докази дека Трамп или неговите соработници криминално заговарале со руската влада.

Но, Мулер го остави нерешено прашањето дали Трамп ја попречил федералната истрага, оставајќи му на Бар да одлучи за ова прашање.

XS
SM
MD
LG