Линкови за пристапност

Обединетите нации го повикаа Путин да ја прекине војната во Украина


Украинските власти соопштија дека бројот на загинати при рускиот ракетен напад врз железничка станица во источна Украина се искачи на 25
Украинските власти соопштија дека бројот на загинати при рускиот ракетен напад врз железничка станица во источна Украина се искачи на 25

Шефицата на ОН за човекови права Мишел Башеле денес го повика рускиот претседател Владимир Путин „да го запре вооружениот напад врз Украина“.

Говорејќи еден ден откако конфликтот достигна шестмесечна граница, Башеле ја истакна ситуацијата во врска со нуклеарната централа Запорожје, велејќи дека борбите во областа претставуваат „незамисливи ризици“ за цивилите и животната средина.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за нападите во близина на централата, а Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека е подготвена да испрати тимови на локацијата за да се осигура нејзината безбедност.

Башеле, исто така, рече дека и руските и украинските сили мора да го почитуваат меѓународното право за хуманитарни права, додека меѓународната заедница мора да обезбеди одговорност за прекршувањата.

Украинските власти соопштија дека бројот на загинати при рускиот ракетен напад врз железничка станица во источна Украина се искачи на 25, откако уште неколку тела беа пронајдени во урнатините во градот Чаплине.

„Рускиот ракетен напад врз железничка станица полна со цивили во Украина одговара на стилот на злосторства“, напиша на Твитер американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Ќе продолжиме, заедно со партнери од целиот свет, да застанеме со Украина и да бараме одговорност за руските официјални лица“.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера ја пофали „извонредната храброст и посветеност на слободата“ на украинскиот народ во борбата против руските борци, истовремено најавувајќи нова воена помош од речиси 3 милијарди долари.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG