Повеќе од 100.000 Украинци пристигнаа во Велика Британија во рамките на две организирани шеми со цел да им помогнат на оние кои бегаат од државата по руската инвазија на 24 февруари, соопшти денес Британската влада, пренесе Ројтерс.
Речиси 6,2 милиони бегалци од Украина се регистрирани ширум Европа до 26 јули, според податоците на Обединетите нации, а повеќе од половина аплицирале за привремен престој.
Само Полска има регистрирано повеќе од 1,2 милиони Украинци.
Британската влада рече дека процесот сега е целосно дигитален и дека има за цел да ги обработи апликациите во рок од 48 часа.
Исто така, сега ќе им овозможи на децата помлади од 18 години да аплицираат да дојдат во Британија без родител или старател доколку имаат доказ за родителска согласност.