Линкови за пристапност

Руски новинар ја продава Нобеловата награда за мир за помош на украинските бегалци


Муратов е коосновач и долгогодишен главен уредник на Новаја Газета, весник кој го критикува Кремљ
Муратов е коосновач и долгогодишен главен уредник на Новаја Газета, весник кој го критикува Кремљ

Рускиот новинар и добитник на Нобеловата награда за мир Дмитриј Муратов го продава на аукција својот Нобелов медал за украинските бегалци, вознемирен поради затворањето на независните медиуми во неговата земја, каде што вели дека се` помалку луѓе ја поддржуваат воената кампања на Москва.

Муратов е коосновач и долгогодишен главен уредник на Новаја Газета, весник кој го критикува Кремљ, и кој беше основан во 1993 година со пари од Нобеловата награда за мир на поранешниот советски претседател Михаил Горбачов.

„Мојата земја изврши инвазија на друга држава, Украина. Сега има 15,5 милиони бегалци... Долго размислувавме што можеме да направиме... и мислевме дека секој треба да подари нешто драго за нив, важно за нив“, рече тој, во интервју за Ројтерс.

XS
SM
MD
LG