Линкови за пристапност

Законски лавиринти: Тежок пат за украинските бегалци до македонскиот пазар на трудот


Без олеснителни можности за редовна работа и здравствено осигурување се украинските државјани што најдоа привремено засолниште на македонска територија
Без олеснителни можности за редовна работа и здравствено осигурување се украинските државјани што најдоа привремено засолниште на македонска територија

Мали се можностите за украинските бегалци да најдат работа во македонските фирми, поради бројни законски одредби и немањето олеснувања, какви што воведоа земјите од ЕУ. Еден од условите овде е да побараат азил, но до сега никој од нив не ја почнал таа процедура

Без олеснителни можности за редовна работа и здравствено осигурување се украинските државјани што најдоа привремено засолниште на македонска територија после руската инвазија.

Во земјава моментално има околу 1.200 државјани на Украина, но за нив нема посебни законски одредби со кои би се овозможило поедноставно вклучување во овдешниот пазар на трудот.

Украинските бегалци заглавени во законски јазли - тешко до работа на македонскиот пазар
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:29 0:00
Ние бараме само за тие луѓе што извадиле лична карта од хуманитарни причини, да можат да се вработат тука, без никакви пречки
Александр Урбанович, Престедател на Украинското здружение

„Ние бараме само за тие луѓе што извадиле лична карта од хуманитарни причини, да можат да се вработат тука, без никакви пречки. Исто како и македонските граѓани, бегалците да бидат на некое исто ниво за работа. Потоа ќе имаат здравствено осигурување. Со платата ќе плаќа за станот и тие пари повторно ќе се трошат тука, во Македонија“, вели Александр Урбанович, претседател на украинското здружение „Лесја Украинка“.

Од министерството за труд и социјала се запознаени со ситуацијата. Но, тоа што ни го посочија од таму се само постоечките правни одредби за странци, меѓу кои е и Законот за меѓународна и привремена заштита. Според тој закон, бегалците имаат право на работа, соодветно здравствено осигурување, како и можност за образование. Но, условот е да поднесат барање за азил.

Сепак, ниту еден од бегалците до сега не почнал таква процедура. Како што објаснуваат од Украинското здружение, причината за избегнувањето на можноста за азил е што тие лица немаат намера да останат засекогаш на македонска територија.

„Процедурата за добивање азил трае два, три, а може и шест месеци. Во тој период не можеш да излезеш од Македонија. Ако излезеш, тој статус веднаш се укинува и ти мора повторно да станеш барател на азил. Во ситуација кога има војна, луѓето не планираат цел живот да останат во Македонија“, додава Урбанович.

Со слична ситуација се соочија и милионите бегалци кои се упатија кон дел од западноевропските земји. Но, за да се надмине актуелниот проблем, во рамките на ЕУ беше донесена одредба за Привремена заштита. Таа засега е со времетраење од една година и на украинските бегалци им овозможува да се вработат, да си обезбедат домови, здравствена заштита, како и образование за нивните деца.

„Ве информираме дека до сега во владина процедура не е дискутирано за измени и дополнувања на Законот за странци“, одговорија од Владата
„Ве информираме дека до сега во владина процедура не е дискутирано за измени и дополнувања на Законот за странци“, одговорија од Владата

Од македонската влада, како што ни одговорија, засега не се размислува за евентуални законски измени во таа насока.

„Ве информираме дека до сега во владина процедура не е дискутирано за измени и дополнувања на Законот за странци“, одговорија од Владата.

Единствената помош што засега ја добиваат бегалците од Украина, им е овозможена преку Црвениот крст.

До сега од Црвениот крст помош побарале околу 350 украински бегалци
До сега од Црвениот крст помош побарале околу 350 украински бегалци

„Секоја сабота добиваат хуманитарна поддршка во храна, хигиена, бебешки пакети, дополнителни лекови за хронично болните, или некои медицински интервенции што ги реализираме со министерството за здравство.
Исто така, имаме мобилни тимови коишто ги посетуваат во домовите каде што се сместени. Но, поголемиот дел од нив се сместени кај роднини и пријатели. Некои имаат изнајмено и станови“, вели Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот крст во Скопје.

Имаме одредени буџетски ставки, коишто овозможуваат брза и ефикасна реакција, со што не би се предизвикало штета по нивното здравје
Сузана Тунева Пауновска, Црвен крст - Скопје

До сега во Црвениот крст, помош побарале околу 350 украински бегалци. Се работи претежно за лица во лоша финансиска состојба. Од хуманитарната организација се надеваат на законско надминување на ситуацијата.

„Можат да се обратат во Црвениот крст, а ние потоа, тоа го реализираме во соработка со министерството за здравство. Имаме одредени буџетски ставки, коишто овозможуваат брза и ефикасна реакција, со што не би се предизвикало штета по нивното здравје. Сега засега тоа го решаваме на тој начин. Со промената на законот, сето тоа ќе влезе во системско решение“, објаснува Тунева Пауновска.

Во мигов, помош од Црвениот крст добиваат околу 270 украински бегалци. Повеќето од нив, околу 170 лица, се сместени во Скопје, а другите се во Охрид, Битола и во Прилеп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG