Украинските сили погодиле стратешки важен мост во јужниот дел на земјата, користејќи, како што рече официјален претставник назначен од Русија, ракетни системи испорачани од САД.
Мостот Антонивски што ја преминува реката Днепар дене беше затворен.
Кирил Стремусов, заменик-шеф на администрацијата назначена од Русија за регионот Херсон, рече дека мостот сè уште стои, но оти е полн со дупки.
Стремусов рече дека украинските сили користеле артилериски ракетен систем со висока мобилност (ХИМАРС) за да го извршат нападот.
Мостот е клучна алка што ѝ овозможува на Русија да ги снабдува своите сили во јужна Украина.
Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денес на Твитер ги истакна нападите на мостот, велејќи дека руските сили треба да ги сфатат како предупредување.
Тој рече дека Русите „треба да научат како да ја препливаат“ реката или „да го напуштат Херсон додека тоа е сè уште можно“.
Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс