Линкови за пристапност

Пораките од Тајната служба за нападот на 6 јануари утре во Конгресот


Тајната служба минатата недела соопшти дека некои податоци од телефоните биле изгубени при рутинско ресетирање на ајфоните, но дека сите барани пораки биле зачувани
Тајната служба минатата недела соопшти дека некои податоци од телефоните биле изгубени при рутинско ресетирање на ајфоните, но дека сите барани пораки биле зачувани

Конгресната комисија која го истражува нападот на Капитол на 6. јануари минатата година, очекува да може да ги погледне пораките испратени од агентите на Тајната служба од денот пред нападот, како и на самиот ден, изјави конгресменката Зои Лофгрен за телевизијата Еј-Би-Си.

„Очекуваме да ги добиеме до овој вторник. Ни требаат сите пораки од петти и шести јануари“, изјави конгресменката.

Нападот се случи кога околу 2.000 приврзаници на тогашниот претседател Доналд Трамп, упаднаа во Конгресот за да се обидат да ја блокираат потврдата на победата на Џо Бајден на изборите во 2020 година.

Лофгрен рече дека на истражната комисија ѝ требаат пораките од Тајната служба „за да се добие целосната слика“ за она што се случило пред и за време на нападот на Капитол.

Тајната служба минатата недела соопшти дека некои податоци од телефоните биле изгубени при рутинско ресетирање на ајфоните, но дека сите барани пораки биле зачувани.

„Бев шокирана кога слушнав дека тие не направиле резервна копија од нивните податоци пред да ги ресетираат своите ајфони“, рече Лофгрен.

Тајната служба минатата недела соопшти дека секоја „инсинуација“ дека намерно бришела текстови е лажна и оти комисијата ја има нејзината „целосна и непоколеблива соработка“.

XS
SM
MD
LG