Линкови за пристапност

Ново сведочење за можна директна поврзаност на напаѓачите на Конгресот со Трамп


Поранешниот претседател ја исмејуваше истрагата на Комитетот, нарекувајќи ги неговите девет членови „политички насилници и хакери“
Поранешниот претседател ја исмејуваше истрагата на Комитетот, нарекувајќи ги неговите девет членови „политички насилници и хакери“

Конгресниот панел кој го истражува нападот на Конгресот на 6 јануари минатата година денес има сослушување за поврзаноста на екстремно десничарските екстремистички групи со обидот да се блокира потврдувањето на победата на Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година.

Комитетот на Претставничкиот дом допрва треба да каже кој ќе сведочи на последното сослушување од висок профил, но еден сведок се очекува да биде Џејсон Ван Татенхов, самонаречен „пропагандист“.

Поранешниот претседател Доналд Трамп ја исмејуваше истрагата на Комитетот, нарекувајќи ги неговите девет членови - седум демократи и двајца гласни републиканци против Трамп - „политички насилници и хакери“.

Комитетот истражува каква врска, доколку воопшто ја има, имале екстремистичките групи конкретно со Трамп, додека пошироко ги опишува контактите што ги имале со неговите политички соработници додека тој се обидуваше да ја задржи власта преку промена на официјалното пребројување на гласовите во сојузните држави.

Во фокус на сослушувањето е твитот што Трамп го напиша до милиони следбеници на 19 декември 2020 година, велејќи: „Статистички е невозможно е да се изгубени изборите во 2020 година. Голем протест во Вашингтон на 6-ти јануари. Бидете таму, ќе биде бурно!“

XS
SM
MD
LG