Линкови за пристапност

Живееме во земја полна со воено оружје, не можеме да стоиме настрана, рече Бајден


Претседателот на САД, денес во Белата куќа, го повика Конгресот да донесе закон со кои ќе се повикуваат на одговорност сопствениците на оружје доколку неправилно го складираат или го користат за насилство
Претседателот на САД, денес во Белата куќа, го повика Конгресот да донесе закон со кои ќе се повикуваат на одговорност сопствениците на оружје доколку неправилно го складираат или го користат за насилство

Претседателот на САД Џо Бајден денес во Белата куќа го презентираше новиот закон кој треба да го намали насилството со огнено оружје, велејќи дека мерката претставува „вистински напредок“ по долгогодишна неактивност, објави Асошиетед прес.

Но, тој исто така призна дека треба да се направи повеќе во земја „преплавена со воено оружје“, бидејќи законот стар 16 дена веќе е засенет од уште едно ужасно масовно пукање.

Нацрт-законот, усвоен по неодамнешните дивеење со оружје во Бафало, Њујорк и Увалде, Тексас, постепено ги заострува условите за младите да купуваат пиштоли и им помага на локалните власти привремено да земат оружје од луѓе за кои се оценува дека е опасно.

Но, денешната „прослава“ уследи откако пред една недела вооружен маж во Хајленд Парк, Илиноис, уби седум лица на парадата на Денот на независноста, страшен потсетник на ограничувањата на новиот закон во справувањето со американскиот феномен на масовно оружено насилство.

Бајден беше домаќин на стотици гости во тревникот пред Белата куќа, вклучително и двопартиска група законодавци, кои ја подготвија и поддржаа легислативата, како и локални претставници и семејства на жртвите.

„Благодарение на вашата работа, вашето застапување, вашата храброст, животи ќе бидат спасени денес и утре поради ова“, рече Бајден, и додаде:

„Нема да го спасиме секој живот од епидемијата на насилство со оружје, но ако овој закон беше во сила пред години, дури и оваа последна година, животите ќе беа спасени“.

Сепак, рече Бајден, „живееме во земја полна со воено оружје“.

Тој, исто така, рече дека Конгресот треба да донесе закон за да се повикаат на одговорност сопствениците на оружје доколку нивното оружје е неправилно складирано и се користи за насилство.

„Не можеме само да стоиме на страна. Не можеме повеќе да дозволиме тоа да се случи. Со правата доаѓаат и одговорностите. Ако поседувате оружје, имате одговорност да го обезбедите и да го чувате под клуч“, рече Бајден.

XS
SM
MD
LG