Линкови за пристапност

Њујорк дозволи да се носи оружје, но под услов да не биде видливо


Врховниот суд на САД во четвртокот пресуди дека законот на државата Њујорк со кој се ограничува можноста на поединците да носат огнено оружје надвор од нивните домови но, под услов оружјето да не биде видливо, е неуставен.

Додека организациите за заштита на оружјето ја поздравуваа одлуката на Врховниот суд, вклучително и Националната асоцијација за пушки, реакцијата на застапниците за контрола на оружјето беше дочекана со негодување.

„Тоа е застрашувачко. Јас преживеав пандемијата, никогаш не би го напуштил Њујорк, но ова е една од причините зошто би го направил тоа. Како Азиски Американец, каде што исто така претрпевме многу напади против Азијците, преплашен сум. Навистина сум преплашен“, вели жител на Њујорк.

Закон од државата Њујорк, во сила од 1913-та година, пропишува дека жителите треба да покажат соодветна причина, или вистинска потреба, да носат оружје на јавно место за самоодбрана.

„Кога прочитав се запрепастив. Навистина го изгубив умот затоа што работевме толку напорно. Кога ќе го видите предлог-законот во Сенатот, мислите, тоа е одлично, гледаме напредок, нели? Конечно има чекор во вистинската насока. Но, потоа се враќаме наназад со вакво нешто. Тоа е толку вознемирувачки“, вели жител на Њујорк.

Одлуката е „монументална“, рече Ричард Аборн од граѓанската комисија за криминал на Њујорк, но тој рече дека тоа не му било големо изненадување.

„Не бев изненаден, но никој не треба да потценува колку е ова монументална одлука. Ова е прв пат во историјата на Соединетите Американски Држави судот да даде уставно право секој да носи пиштол во секое време и на кое било место, сокриен“, рече Ричард Аборн, претседател на граѓанската комисија за криминал на Њујорк.

Сепак, Аборн вели дека „судот им остави простор на државите и локалитетите да го забранат носењето скриено оружје на чувствителни места“, додавајќи „така што мојот совет до државите и локалитетите ќе биде денес да почнат да ги дефинираат чувствителните места и да забранат носење оружје во тие области“.

Судот оцени дека барањето на Њујорк за барателите за дозвола за носење оружје во јавност покажува „соодветна причина“ која го нарушува правото на поединците да носат оружје според Вториот амандман од Уставот на САД.

Судот утврди дека со наметнување на субјективен тест што граѓанинот кој го почитува законот мора да го помине за да го искористи правото на носење оружје, Њујорк го прекрши и 14-тиот амандман, кој ги спречува државите да донесат закони кои ја ограничуваат способноста на Американците да ги користат нивните уставни права.

XS
SM
MD
LG