Линкови за пристапност

Врховниот суд донесе одлука со која се олеснува Американците да носат оружје на улица


Врховниот суд го укина рестриктивниот закон за оружје во Њујорк, објави Асошиетед прес.

Одлуката на судиите, кои гласаа 6 наспроти 3, се очекува да им овозможи на повеќе луѓе легално да носат пиштоли на улиците во најголемите градови во државата, вклучувајќи ги Њујорк, Лос Анџелес и Бостон, како и на други места.

Околу една четвртина од населението во САД живее во сојузни држави кои се очекува да бидат засегнати од пресудата, првата голема одлука за оружје на Врховниот суд за повеќе од една деценија.

Одлуката доаѓа во време кога Конгресот активно работи на законодавство за оружје, по неодамнешните масовни престрелки во Тексас, Њујорк и Калифорнија.

Судијата Кларенс Томас напиша дека Уставот го штити „правото на поединецот да носи пиштол за самоодбрана надвор од домот“.

Со одлуката, судиите го укинаа законот во Њујорк со кој се бараше од луѓето да покажат посебна потреба за носење пиштол за да добијат дозвола за носење оружје на јавно место.

Судиите рекоа дека барањето го нарушува правото согласно вториот амандман да се „чува и носи оружје“.

XS
SM
MD
LG