Линкови за пристапност

Најмалку тројца мртви при ракетни напади врз училиште и станбена зграда во Харков, соопштија украинските власти


Гувернерот на регионот Харков ги нарече нападите „апсолутен тероризам“
Гувернерот на регионот Харков ги нарече нападите „апсолутен тероризам“

Украинските власти соопштија дека руските воздушни напади врз вториот по големина град во земјата, Харков, денес погодиле училиште и станбена зграда, при што загинале најмалку три лица, а 28 се ранети.

Олех Синеихубов, гувернер на регионот Харков, на Телеграм рече дека ракетните напади, меѓу кои и оној што паднал во близина на магацински објекти, биле лансирани против цивилни цели.

Синеихубов ги нарече нападите „апсолутен тероризам“.

Официјални лица вчера рекоа дека во нападот загинале најмалку 15 луѓе, а повеќе од 20 луѓе може да бидат заробени во урнатините.

Нападите се случија додека спасувачите во источниот град Часив Јар работеле на пронаоѓање преживеани од рускиот ракетен напад врз петкатна станбена зграда во саботата, во кој загинаа најмалку 15 луѓе.

Нападот во Часив Јар беше последниот напад во последниве недели што остави масовни цивилни жртви, иако Русија тврди дека цели само на украинските воени операции.

Во напад на крајот на јуни загинаа најмалку 19 лица во трговски центар во Кременчук, а во напад на станбена зграда и рекреативна зона во јужниот дел на Одеса, овој месец загинаа 21 лице.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG