Линкови за пристапност

САД со нов пакет од 400 милиони долари помош за Украина


САД испраќаат поголема помош за Украина со цел да им помогнат на украинските сили да таргетираат, да ја нарушат и уништат способноста на Русија да води војна во регионот на Донбас и пошироко.

Американските власти во петокот открија нов пакет од 400 милиони долари за Украина, вклучувајќи уште четири артилериски ракетни системи со висока подвижност (HIMARS) и 1.000 куршуми артилериска муниција „прецизно способна“ од 155 милиметри, тип што досега не му бил доставен на Киев.

„Овие системи за оружје се прецизни“, рече висок официјален претставник на американската одбрана, информирајќи ги новинарите за условот на анонимност според основните правила поставени од Пентагон. „Очекуваме тие да бидат искористени од Украинците со голем ефект со оглед на нивниот досегашен успех.

Тој успех, рече функционерот, се одигра со способноста на украинските сили да ги забават и, понекогаш, да ги попречат руските обиди за напредување со удар врз руските командни, контролни и логистички центри.

Најавата за дополнителна американска помош доаѓа само неколку дена откако руските сили прогласија победа во украинската провинција Луганск, откако украинските сили се повлекоа од последното упориште во градот Лисичанск.

Западните разузнавачки проценки веруваат дека руските сили сега се позиционираат во регионот на Доњецк.

„Постои реална можност дека непосредната тактичка цел на Русија ќе биде Сиверск, бидејќи нејзините сили се обидуваат да напредуваат кон својата најверојатна оперативна цел урбаната област Славјанск-Краматорск“, се вели во извештајот.

Но, американските власти продолжија да ги опишуваат руските придобивки како поединечни и „многу скапи“.

„Руските сили се многу заостанати во однос на нивните временски рокови. Тие се многу заостанати во однос на своите цели“, им рече на новинарите висок претставник на американската одбрана. „Украинците, на локализирани места, започнуваат ефективна контраофанзива.

„Воопшто не го гледаме ова како, дека Русија ќе ја добие оваа битка“, додаде официјалниот претставник. „Но, борбата е тешка“.

Покрај четирите нови „HIMARS“ и прецизните артилериски куршуми од 155 милиметри, новиот безбедносен пакет на САД, исто така, вклучува повеќе муниција за веќе постоечките осум HIMARS системи кои веќе се во Украина, тактички возила, муниција за совладување, противбатериски системи и резервни делови за да им помогнат на украинските сили да одржуваат системи кои добиваат голема употреба.

Војната во Украина и нејзиното влијание врз снабдувањето со енергија и храна доминираа во разговорите на Г-20 на Бали.

Земјата-домаќин на Г-20 ги повика министрите да „пронајдат начин“ во разговорите за војната и нејзиното влијание врз зголемувањето на цените на храната и енергијата.

XS
SM
MD
LG