Линкови за пристапност

Над 10.000 цивили убиени или повредени во војната во Украина, велат ОН


Оттаму велат дека реалните бројки веројатно се значително повисоки
Оттаму велат дека реалните бројки веројатно се значително повисоки

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации Мишел Бачелет бара да се стави крај на војната во Украина и да се повикаат на одговорност сторителите на злосторствата.

Извештајот за досегашната ситуација таа го објави денес пред Советот за човекови права на ОН во Женева.

Извештајот го опфаќа периодот помеѓу 24 февруари, кога Русија ја нападна Украина и 15 мај.

Во него се презентирани исцрпни информации за убиства, широко распространето уништување, произволни притворања, присилно исчезнување и други груби прекршувања на човековите права.

При разгледувањето на оваа листа на злосторства, таа истакна дека неподносливиот биланс од конфликтот во Украина продолжува да расте, додавајќи дека цивилите го носат најголемиот товар од тековните непријателства.

Бачелет ја обвини Русија и во помала мера Украина за кршење на меѓународното хуманитарно право.

„Високиот број на цивилни жртви и степенот на уништување предизвикан на цивилната инфраструктура продолжуваат да предизвикуваат значителна загриженост дека нападите извршени од руските вооружени сили не се во согласност со меѓународното хуманитарно право“.

Иако е на многу понизок размер, таа, исто така, рече дека се чини оти украинските вооружени сили не се придржувале целосно кон меѓународното хуманитарно право во источните делови на земјата.

Бачелет рече дека Обединетите нации документирале повеќе од 10.000 цивилни жртви или повредени низ Украина, додавајќи дека реалните бројки веројатно ќе бидат значително повисоки.

Таа рече дека повеќето од овие цивилни жртви биле предизвикани од експлозивно оружје во населени области.

XS
SM
MD
LG