Линкови за пристапност

Војната во Украина ќе биде на агендата на Блинкен на средбите на Г20 во Индонезија


Државниот секретар на САД замина за Азија денес, каде се предвидени и билатерални средби со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји
Државниот секретар на САД замина за Азија денес, каде се предвидени и билатерални средби со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји

Руската агресија против Украина е високо на агендата на американскиот државен секретар Eнтони Блинкен, кој на крајот на неделава се среќава со другите министри за надворешни работи од групата најголеми економии или Г20 во Бали, Индонезија.

Блинкен замина за Азија денес, каде се предвидени и билатерални средби со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

На дневен ред на средбите меѓу највисоките американски и кинески дипломати е можната соработка во однос на климатските промени, глобалното здравје, борбата против наркотиците и ситуацијата во Мјанмар, изјави американскиот помошник - државен секретар Даниел Критенбринк.

Блинкен ќе има две долги средби со Ванг, при што првата сесија најверојатно ќе се фокусира на билатералните односи, а втората за регионалните и меѓународните прашања, според дипломатски извори.

По Г20, Блинкен ќе се упати во Бангкок, каде се очекува да разговара за ситуацијата во Мјанмар, позната и како Бурма.

Иако Украина не е членка на Г20, нејзиниот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, беше поканет на министерскиот состанок оваа недела, откако Украина стана кандидат за Европската Унија.

Кулеба рече дека тој предвреме ги координирал позициите на неговата земја со шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел.

„И двајцата се согласуваме за потребата од седмиот пакет санкции на ЕУ за Русија и работиме на тоа“, напиша Кулеба на Твитер.

XS
SM
MD
LG