Линкови за пристапност

Најмалку 17 загинати при руски напад на Одеса


Најмалку 17 лица загинаа рано утрово при руски ракетни напади во украинската област Одеса. Во нападите беа повредени десетици луѓе. Најмалку една од целните локации била станбена зграда.

Руското министерство за одбрана вчера соопшти дека се повлекува од украинскиот Змиски Остров, кој стана симбол на украинскиот отпор по инвазијата од страна на Москва пред четири месеци.

Русија го користеше островот на Црното Море во близина на пристанишниот град Одеса како полигон, откако го зазеде во раните фази на војната, започнувајќи напади врз Украина од него и следејќи ги пратките од украинските пристаништа.

Но, Украина потврди дека руските сили се повлекле и рече дека тоа дошло откако украинските сили го погодиле островот со ракетни и артилериски напади во текот на ноќта, оставајќи ги преостанатите руски сили да избегаат со два глисера.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски Андриј Јермак го потврди повлекувањето на руските сили од островот.

„Веќе нема руски војници на Змискиот Остров. Нашите вооружени сили завршија одлична работа“, напиша Јермак на Твитер.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG