Линкови за пристапност

Зеленски ја нарече Русија терористичка држава и ги повика ОН да го истражат нападот на Кременчук


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече Русија „терористичка држава“ и ги повика Обединетите нации да испратат комисија за истрага на смртоносниот ракетен напад врз трговски центар во градот Кременчук.

„Кој од вас не се согласува дека ова е тероризам?“, го праша Зеленски вчера Советот за безбедност на ОН во Њујорк за нападот врз трговски центар, во кој загинаа најмалку 18 цивили, како и за други руски напади врз цивили и цивилна инфраструктура во последните денови.

Зеленски рече дека во кој било друг дел од светот, секоја група што убива цивили, како што тоа го прави Русија во Украина, ќе се смета за терористичка.

„Затоа, она што се казнува на ниво на криминалци и криминални организации не смее да остане неконтролирано на ниво на државата, која стана терорист“, рече тој за Кремљ.

Претставникот на Москва во Советот за безбедност реагираше оти му е дозволено на украинскиот претседател да се обрати пред Советот, велејќи дека појавувањето на Зеленски било во последен момент и договорено без консултации со сите членови на Советот.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG