Линкови за пристапност

САД ќе обезбедат уште 800 милиони долари помош за Украина


Бајден рече дека новата помош ќе вклучува напредни системи за противвоздушна одбрана, радари за контрабатерии и дополнителна муниција за артилериски ракетни системи со висока подвижност
Бајден рече дека новата помош ќе вклучува напредни системи за противвоздушна одбрана, радари за контрабатерии и дополнителна муниција за артилериски ракетни системи со висока подвижност

Претседателот ан САД Џо Бајден изјави дека неговата администрација наскоро ќе обезбеди уште 800 милиони долари безбедносна помош за Украина во борбата против руската инвазија.

Бајден рече дека новата помош ќе вклучува напредни системи за противвоздушна одбрана, радари за контрабатерии и дополнителна муниција за артилериски ракетни системи со висока подвижност, кои администрацијата веќе ги испратила во Украина.

Тој зборуваше на прес-конференција на крајот од самитот на НАТО во Мадрид, каде рече дека пакетот ќе биде формално образложен од неговата администрација во наредните денови.

Последната рунда помош е дел од пакетот безбедносна и економска помош во вредност од 40 милијарди долари, усвоен минатиот месец од Конгресот на САД и потпишан како закон од Бајден.

Тоа е 14. пакет оружје и воена опрема посветени на Украина од почетокот на војната.

Со последната помош, САД издвоија околу 7 милијарди долари безбедносна помош за Украина од крајот на февруари, кога Русија го нападна својот сосед.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG