Линкови за пристапност

Во болница има двојно повеќе невакцинирани деца отколку вакцинирани, објави ЦДЦ


Меѓу 397 деца кои биле хоспитализирани со ковид-19 за време на бранот на омикрон, 87 отсто биле невакцинирани, покажа нова студија во САД
Меѓу 397 деца кои биле хоспитализирани со ковид-19 за време на бранот на омикрон, 87 отсто биле невакцинирани, покажа нова студија во САД

Студија на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), покажа дека за време на ширење на омикрон, стапката на хоспитализација на невакцинирани деца на возраст од пет до 11 години била двојно повисока од онаа кај вакцинираните деца.

Студијата вклучува речиси 400 случаи во 14 сојузни држави од средината на декември до крајот на февруари.

Меѓу 397 деца кои биле хоспитализирани со ковид-19 за време на бранот на омикрон, 87 отсто биле невакцинирани, покажа студијата.

Просечното времетраење на болничкиот престој за невакцинираните деца било три дена, во споредба со два дена за вакцинираните деца. Според ЦДЦ, на вакцинираните деца кои биле хоспитализирани не им бил потребен висок степен на поддршка за дишење, како што се цевки за кислород или механичка вентилација.

Во јануари во САД имаше рекорден број на заразени со омикрон, предизвикувајќи повеќе инфекции од оригиналниот вид на вирусот, а зголемена беше и хоспитализацијата кај оние помлади од 18 години.

Вакцината на „Фајзер“ беше одобрена од американските регулатори за деца на возраст од 5-11 години пред појавата на омикрон во октомври.

За време на бранот на омикрон, невакцинираните деца во оваа возрасна група имале стапка на хоспитализација за 2,1 пати поголема од вакцинираните деца, според студијата.

Според податоците на ЦДЦ, само 28 отсто од децата меѓу 5-11 години се целосно вакцинирани, што е околу 8 милиони на национално ниво.

Студијата, исто така, покажа дека стапките на хоспитализација кај децата во оваа возрасната група биле повисоки за време на омикронскиот бран, отколку за време на делта бранот.

XS
SM
MD
LG