Линкови за пристапност

Модерна развива експериментална вакцина со дополнителна заштита од омикронската варијанта

Развојот на ваква вакцина доаѓа во време кога американските регулатори и Светската здравствена организација ги разгледуваат потенцијалните нови формули за вакцини за нови рунди на засилувачи подоцна оваа година, кога би можел да дојде до нов бран на заразени со Ковид - 19.

Производителот на лекови Модерна објави дека развива експериментална вакцина против Ковид-19 која ја комбинира нејзината оригинална вакцина со дополнителна заштита од омикронската варијанта на коронавирусот.

Во една рана студија, Модерна рече дека вакцината, наречена „mRNA-1273.214“, нуди дополнителен поттик против омикронот во споредба со само четвртата доза од оригиналната вакцина.

„Силно веруваме дека овие податоци го поддржуваат ажурирањето на вакцината“, рече д-р Стивен Хоге, претседател на Модерна.

Развојот на ваква вакцина доаѓа во време кога американските регулатори и Светската здравствена организација ги разгледуваат потенцијалните нови формули за вакцини за нови рунди на засилувачи подоцна оваа година, кога би можел да дојде до нов бран на заразени со Ковид - 19.

Администрацијата за храна и лекови на САД ќе се состане во јуни за да ги анализира новите формули за вакцини.

Фајзер, исто така, наводно развива комбинирана вакцина.

Некои информации во овој извештај доаѓаат од Асошиејтед прес.

XS
SM
MD
LG