Линкови за пристапност

По два месеци карантин, Шангај се враќа во нормален живот


Жителите на најголемиот кинески град и финансиски центар, Шангај, излегоа од драконскиот карантин на ковид-19 по два цели месеци.

Голем дел од 25-те милиони жители на кинескиот град повторно ги наполнија автобусите и приградските возови на првиот ден на услуга на системот додека се враќаа во канцелариите или ги посетија продавниците за прв пат по наметнувањето на карантинот на почетокот на април, додека други излегоа надвор да џогираат или пешачат и со тоа да внесат малку свеж воздух. Но, најголемиот град во Кина сè уште е под строги ограничувања, при што трговските центри и другите продажни места се отвораат само постепено со капацитет не поголем од 75 проценти, додека кината и спортските сали остануваат затворени.

Шангај го наметна строгото заклучување со избувнувањето на нови случаи на ковид-19, главно поттикнати од омикрон. Карантинот доведе до поплаки за недостаток на свежа храна и лекови.

Карантинот, исто така, ја запре нормалната економска активност во финансискиот центар бидејќи Пекинг ја удвои својата строга политика „нулта-ковид“.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG