Линкови за пристапност

Убиени две лица при пукање во црква во Алабама


Вооружено лице вчера влезе во црква во јужната сојузна држава Алабама и уби две лица, а повреди едно. Официјални лица велат дека го привеле осомничениот.

„Ова никогаш не треба да се случи - во црква, во продавница, во град или каде било“, рече гувернерот Кеј Ајви, и додаде: „Ние продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата“.

Пукањето во црквата дојде по серијата неодамнешни престрелки во САД, кои повторно ја поттикнаа дебатата за потребата од реформи во поседување оружје.

Минатиот месец, десет Афроамериканци беа убиени во расистички напад во супермаркет во Бафало, Њујорк.

Подоцна во текот на месецот, 19 деца и две возрасни лица беа убиени при пукање во основно училиште во Увалде, Тексас.

Илјадници луѓе се собраа на Националното шеталиште во Вашингтон во саботата за да бараат построги мерки за контрола на оружјето.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG