„На ова гласање, „за“ се 223, „против“ гласале 204. Предлог-законот е усвоен без приговор. Предлогот оди понатаму“, објави спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.
Ова е предлог за зголемување на старосната граница за купување полуавтоматска пушка и забрана на продажба на шаржери муниција со повеќе од 15 куршуми.
Шансите да стане закон се исклучително слаби додека група демократи и републиканци во Сенатот продолжуваат да преговараат за подобрување на програмите за ментално здравје, зајакнување на безбедноста на училиштата и подобрување на проверките при купување на оружје.
Но, нацрт-законот во Претставничкиот дом им овозможува на демократските законодавци да им покажат на гласачите каде стојат по прашањето, пред изборите во ноември.
Навидум бескрајниот циклус на масовни убиства во САД ретко резултира во акција од Конгресот.
.
Но, смртта на 19 деца и двајца наставници во Увалде поттикна нови напори меѓу законодавците да зборуваат за потребата да се преземе нешто.