Линкови за пристапност

Украина забрзано се приближува до членство во Унијата


Комисијата на ЕУ - мора едногласно да ја одобри препораката за Киев. За тоа ќе се расправа на Самитот на 23-ти и 24-ти јуни.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен при неодамнешна посета на Киев се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски со кого разговараше за обнова на земјата и напредокот кон членството во Европската унија пред самата Унија да започне дебата за тоа.

Шефицата на Европската комисија им рече на источноевропските лидери овој месец дека е во стратешки интерес на ЕУ и морална должност да и посака добредојде на Украина во групата од 27 члена. Фон дер Лајен, исто така, рече дека Украина прво ќе мора да ги исполни стандардите и барањата на ЕУ.

„Нема скратени патишта, ниту специјални стандарди - има процедура за влез во Европската унија. Секојдневно гледаме колку е тешко да се одржат тие стандарди и меѓу нас членките, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Долгогодишните напори на Украина да се приближи до Европа помогнаа да се поттикне Револуцијата на достоинството во 2014-та година, позната и како Револуција на Мајдан, откако украинскиот лидер поддржан од проруските сили во тоа време одби да потпише трговски договор со ЕУ.

Договорот на крајот беше потпишан.

Неколку дена по руската инвазија на Украина на 24-ти февруари, претседателот Володимир Зеленски испрати писмо за започнување на процесот за добивање кандидатски статус.

Но, некои членки на ЕУ, вклучувајќи ги Холандија, Белгија, Данска и Австрија, не сакаат да и дадат кандидатски статус на Украина.

Првиот заменик-министер за надворешни работи на Украина, Емине Џапарова, изјави за Гласот на Америка дека неподготвеноста е внатрешно прашање на ЕУ.

„Главното прашање е тоа што не се работи за Украина, туку за нешто внатре во Унијата, за криза на визијата, нешто како криза за иднината на ЕУ, со акцент на тоа дека постои листа на чекање на држави, како некои од Западен Балкан, кои чекаат веќе долго“, вели првиот заменик-министер за надворешни работи на Украина, Емине Џапарова.

Марија Мезенцева која ја предводи украинската делегација во Советот на Европа вели дека Украина исполнила 63 отсто од условите на договорот за асоцијација со ЕУ, кој се користи за приближување на земјите во регионот до стандардите и нормите на ЕУ.

„Тоа ќе биде зелено светло за Украина и проектот на ЕУ, кој започна уште во 50-тите години, со цел да се промовира и зачува мирот и да се создаде клуб за мир. Значи, зелено светло за нас и зелено светло за понатамошна интеграција и развој како и црвен картон за Путин, за да не може да каже, „не ве сакаат таму“, вели, Марија Мезенцева.

Амбасадорот на САД во Организацијата за безбедност и соработка во Европа Мајкл Карпентер изјави за Гласот на Америка дека интеграцијата на Украина со Западот е исто така во интерес на Америка.

„Ова е најдобриот начин Украина да се закотви во институции што ќе за заштитат нејзината демократија, нејзиниот социјален суверенитет, нејзиниот територијален интегритет и сите атрибути на независност што ние долго ги поддржуваме во Украина“, вели Карпентер.

Откако Украина ќе излезе од војната - вели Карпентер - ќе се обнови за да стане посилна, поотпорна и пообединета - од порано.

XS
SM
MD
LG