Линкови за пристапност

Конгресменот Мекол: Политиката на САД и НАТО треба да обезбеди Украина да го задржи својот суверенитет


„Украина навистина има наша поддршка. Сега е критично затоа што Русите напредуваат, а ние треба да им обезбедиме артилерија со подолг дострел на Украина“, вели Мекол.
„Украина навистина има наша поддршка. Сега е критично затоа што Русите напредуваат, а ние треба да им обезбедиме артилерија со подолг дострел на Украина“, вели Мекол.

Конгресменот Мајкл Мекол од Тексас, републиканец со највисок ранг во Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом во ексклузивно интервју за грузиската редакција на Гласот на Америка се осврнува за усвоениот пакетот од 40 милијарди долари во Конгресот за хуманитарна помош, но и за испраќање дополнително оружје во Украина.

„Неодамна бев три пати во регионот. Мораме да им дадеме се што можеме, се што им е потребно за да се борат против руската агресија. Украина навистина има наша поддршка. Сега е критично затоа што Русите напредуваат, а ние треба да им обезбедиме артилерија со подолг дострел на Украина“, вели Мекол.

За време на посетата во регионот, бил и во Молдавија, при што изрази загриженост со состојбите на теренот.

„Молдавците се многу загрижени, ако Русите ја освојат Одеса. Молдавија не е членка на НАТО и лесно може да ја заземат Русите. Се надевам дека Украинците ќе ги задржат Русите подалеку. Ако зборуваме за долгорочен конфликт, тој конфликт не е добар за никого“, рече конгресменот.

Запрашан за евентуалност исход од војната во Украина и кои се целите на САД, Мекол одговори:

„Мислам дека треба да биде политиката на САД и НАТО да обезбедат Украина да го задржи својот суверенитет и да истера Русите назад до нејзините границите. Има многу луѓе кои зборуваат за преговори, но сега е потешко поради воените злосторства кои ги видовме. Еден пример е Мариупол. Документиравме и го усвоиме мојот предлог-закон за воени злосторства во Конгресот и тешко е да го вратиш часовникот назад“, наведува Мекол.

Запрашан, дали ако Украина стане неутрална со тоа заврши политиката на проширување на НАТО во регионот и дали тоа е во интерес на САД?

Мекол смета дека е подобро да има проширување на НАТО.

„Интересно е дека Финска и Шведска сега ќе влезат во НАТО. Така, тоа го имаше токму спротивниот замислен ефект како што сакаше Путин. Тој не го подели и ослабна НАТО. Всушност, НАТО е силен, како што никогаш не бил. Интересна е и идејата дека Европската унија може да ги вклучи и Украина и Молдавија во ЕУ. Кога конфликтот ќе заврши мислам дека членството во ЕУ е навистина првиот патоказ кон полноправно членство во НАТО. Сега, Зеленски би можел да преговара за таа неутралност на Укрина со цел мир со Путин како дел од неговиот договор. Но, повторно, тоа зависи од претседателот Золенски и народот на Украина, а не од САД или НАТО“.

Според Конгресменот, Белата куќа направила многу добра работа и ги обедила сојузниците и НАТО, особено во однос на санкциите. „Американците, нашите сојузници во НАТО, се зад Украина, онолку долго колку што е потребно за да се победи. Потоа следи процес за обнова на земјата, наведува Мекол. „Тоа би бил вид на Маршалов план за реконструкција за обнова на Украина. Ми се допаѓа идејата ова да се финансира првенствено преку руските олигарси кои придонесоа за овој проблем, како што им ги запленуваме имотите, да можеме да ја финансираме и реконструкцијата.

Според Мекол, САД мора да се справат и спротивстават на руското влијание и напорите во регионот на Западен Балкан. Тој вели дека целта на Путин е да се врати славата на Руската империја.

Загрижен сум за тие земји поради влијанието што Русија го има во тие земји. Мислам дека во многу аспекти населението е подложно на кампања за дезинформација и за жал, Кина се приклучи.
Конгресменот Мекол за Балканот

„Загрижен сум за тие земји поради влијанието што Русија го има во тие земји. Мислам дека во многу аспекти населението е подложно на кампања за дезинформација и за жал, Кина се приклучи. Мислам, Путин ги лаже луѓето на Балканот, ги лаже Украинците, па дури и неговите неговите војници за нивната мисија. Зошто тие се во Украина на прво место? Сето тоа е засновано на лага и мислам дека луѓето во тие земји треба да го знаат тоа и мислам дека Гласот на Америка може да ја пренесе оваа порака. Не е најдобар интерес на Балканот да биде под раката на Путин, со диктаторски начин на угнетување, од некој кој е целосно против слободата и демократијата“, изјави конгресменот Мекол за Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG