Линкови за пристапност

Битката за источниот град Северодонецк е „една од најтешките“ во војната, оцени Зеленски


„На многу начини, судбината на нашиот Донбас се решава таму“, рече Зеленски во видео обраќање доцна во средата.
„На многу начини, судбината на нашиот Донбас се решава таму“, рече Зеленски во видео обраќање доцна во средата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека битката за источниот град Северодонецк е „една од најтешките“ во војната, истовремено истакнувајќи ја нејзината важност во клучниот регион Донбас.

„На многу начини, судбината на нашиот Донбас се решава таму“, рече Зеленски во видео обраќање доцна во средата.

Украинските сили беа принудени да се повлечат во предградието на Северодонецк во средата соочени со жесток руски напад.

Пред неколку дена, украинските сили започнаа контраофанзива што им даде контрола на околу половина од градот, но регионалниот гувернер на Луганск, Серхи Хаидаи, изјави за РБЦ-Украина дека кога Русија почна да го срамнува градот со гранатирање и воздушни напади, нема смисла да остане. „Нашите сили сега повторно ги контролираат само периферијата на градот“, потврди Хаидаи. „Но, борбите сè уште траат, нашите сили го бранат Северодонецк, невозможно е да се каже дека Русите целосно го контролираат градот“. Тој ги призна тешкотиите за силите на Киев, велејќи за Асошиетед прес: „Сè што има руската армија - артилерија, минофрлачи, тенкови, авијација - сето тоа, тие го користат во Северодонецк за да го избришат градот од лицето на Земјата“. Хајдаи посочи дека украинските сили би можеле да се повлечат на по одбранбени позиции, како што е Лисичанск, град преку реката Сиверски Донец, кој се наоѓа на повисоко место.

Тој претходно посочи дека силите на Киев ќе мора да се повлечат за да избегнат да бидат опколени. По неколку недели фокусирање на нападите врз источна Украина, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека руските сили сега контролираат 97 отсто од провинцијата Луганск.

Северодонецк е последниот голем град во регионот кој допрва треба да биде заземен за време на 3 и пол месечната офанзива на Москва. Шојгу рече дека руските војници исто така напредуваат кон градот Попасна и рече дека ја презеле контролата врз Лиман и Свјатохирск и 15 други градови во регионот.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG