Линкови за пристапност

600 Руси осомничени за воени злосторства, вели украинското обвинителство


Веќе е започнато кривично гонење на 80 лица од осомничените, рече главната украинска обвинителка Ирина Венедиктова на прес-конференција во Хаг
Веќе е започнато кривично гонење на 80 лица од осомничените, рече главната украинска обвинителка Ирина Венедиктова на прес-конференција во Хаг

Главната украинска обвинителка Ирина Венедиктова вели дека идентификувала повеќе од 600 Руси осомничени за воени злосторства.

Веќе е започнато кривично гонење на 80 лица од осомничените, меѓу кои има „врвни воени лица, политичари и пропагандни агенти на Русија“, рече Венедиктова на прес-конференција во Хаг.

Во истрагата учествуваат и Естонија, Латвија, Словачка, Литванија и Полска, рече таа.

Покрај тоа, групата соработува со Меѓународниот кривичен суд, кој започна да ги разгледува потенцијалните воени злосторства во март.

„Треба сè да собереме и да заштитиме на вистински начин. Тоа треба да биде прифатлив доказ во секој суд“, рече Венедиктова.

Русија постојано негира дека цели на цивили по инвазијата на Украина на 24. февруари.

XS
SM
MD
LG