Македонскиот Црвен крст испрати конвој со хуманитарна помош за Украина кој содржи 1.200 пакети храна и 400 пакети средства за хигиена.
„Денеска ја испраќаме втоарата пратка хуманитарна помош за Укираина. Претходно беа испратени 400 пакети со средства за хигиена. Вредноста на хуманитарната помош е околу 3,3 милиони денари. Очекуваме најдоцна за два дена помошта да пристигне во Украина“, изјави Саит Саит, директор на Црвен крст.
Амбасадата на Украина изрази благодарност за хуманиратната помош.
Спооред надлежните, во моментов во државата има 307 бегалци од Украина кои се соочуваат со голем број проблеми. За нив допрва треба да се обезбеди финансиска и социјална помош, евентуално здравствено осигурување, како и курсеви по македонски јазик за да може полесно да се интегрираат во општеството.