Линкови за пристапност

56 проценти од Американците поддржуваат да се носат маски во авион и друг јавен превоз


Согласно нова анкета на Асошиетед прес, 24 отсто од Американците се изјасниле против маски, додека 20 проценти велат дека не се ниту за, ниту против
Согласно нова анкета на Асошиетед прес, 24 отсто од Американците се изјасниле против маски, додека 20 проценти велат дека не се ниту за, ниту против

Мнозинството Американци продолжуваат да ја поддржуваат обврската да се носат маски во авиони и друг заеднички превоз, покажа нова анкета на Асошиетед прес-НОРЦ Центарот за истражување на односи со јавноста.

Согласно истражувањето, 56 проценти од Американците се залагаат да се бара од луѓето да носат маски во авион, воз и друг јавен превоз, 24 отсто се против, додека 20 проценти велат дека не се ниту за, ниту против.

Истражувањето е направено пред федералниот судија во Флорида во понеделникот да го укине националната обврска за задолжително носење маски во авиони и друг јавен превоз. Авиокомпаниите и аеродромите веднаш ја укинаа обврската за маски.

Администрацијата за безбедност на транспортот престана даја спроведува наредбата за маски, а Одделот за правда објави дека нема да се жали на пресудата освен ако Центрите за контрола и превенција на болести не утврдат дека сè уште е неопходно.

Континуираната поддршка меѓу Американците за задолжителни маски при транспорт и покрај тоа што загриженоста за ковид е најниска во споредба со претходните две години.

Само 20 отсто од испитаниците велат дека се многу или крајно загрижени оти тие или член на нивното семејството ќе бидат заразени.

Овој процент е понизок од пред еден месец, кога 25 проценти го кажале истото, за разлика од декември и јануари кога 36 проценти од граѓаните кажале дека стравуваат од зараза со ковид.

33 проценти сега велат дека се малку загрижени, додека 48 осто велат дека воопшто не се загрижени.

Во друга анкета на Асошиетед прес-НОРЦ Центарот за истражување на односи со јавноста спроведена минатиот месец, 44 отсто од Американците рекоа дека често или секогаш носат маски надвор од нивните домови, иако тој процент е значително намален во споредба со 65 осто што го кажале тоа на почетокот на годината.

XS
SM
MD
LG