Линкови за пристапност

Меконел бара да се казни тој што го пуштил во јавност документот за забрана на абортусот


Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, пак, рекоа дека ваква пресуда би била една од најштетните одлуки во модерната историја
Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, пак, рекоа дека ваква пресуда би била една од најштетните одлуки во модерната историја

Оваа незаконска постапка треба да се истражи и казни во најголема можна мера, изјави лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел, по протекувањето на нацрт - мислење што покажува дека мнозинството во Врховниот суд е за укинување на значајната одлука „Роу против Вејд“ од 1973 година, со која се легализираше абортусот на национално ниво.

„Сигурен сум дека главниот судија ќе се обиде да дојде до дното на ова. Ако е сторено кривично дело, Одделот за правда мора целосно да го спроведе процесот“, рече Меконел, додавајќи дека „сакам сите девет судии да знаат дека сè уште има принципиелни сенатори без разлика на сè. Сè уште има некои луѓе во овој Конгрес, и мнозинство во Сенатот, чија поддршка за владеењето на правото не е условена.

Републиканскиот сенатор Линдзи Грем рече дека „повеќе од 200 години, Врховниот суд можеше да размислува и да изгради консензус без неговите одлуки да бидат компромитирани на овој начин. Ова е засекогаш променето со ова протекување“.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, и двајцата демократи, рекоа дека ако пријавеното мнозинство е точно, пресудата ќе биде „една од најлошите и најштетните одлуки во модерната историја“.

„Ако извештајот е точен, Врховниот суд е подготвен да го нанесе најголемото ограничување на правата во изминатите 50 години – не само на жените, туку и на сите Американци“, рекоа Пелоси и Шумер.

XS
SM
MD
LG