Линкови за пристапност

Ќе биде обврска на гласачите да изберат политичари што го поддржуваат правото на жената на избор, рече Бајден


Конечната одлука на Врховниот суд се очекува кон крајот на јуни или почетокот на јули
Конечната одлука на Врховниот суд се очекува кон крајот на јуни или почетокот на јули

Претседателот на САД Џо Бајден рече дека не е јасно дали протечениот документ од Врховниот суд за можна забрана на абортусот во САД е веродостоен, како и дали ја одразува конечната одлука на Судот.

Тој додаде дека ако е автентичен, а Судот има намера да го поништи случајот „Роу против Вејд“, „ќе биде обврска на избраните функционери на нашата нација на сите нивоа на власта да го заштитат правото на жените на избор“.

Бајден рече дека ќе биде „ и до гласачите да изберат функционери што ќе го поддржуваат правото на избор на жените овој ноември“.

Во ретко протекување од највисокиот суд во САД, Политико објави дека добил нацрт - мислење на Врховниот суд што покажува дека мнозинството во Судот е за укинување на значајната одлука „Роу против Вејд“ од 1973 година, со која се легализираше абортусот на национално ниво.

Документот, означен како „прв нацрт“ од страна на судијата Семјуел Алито и циркулиран меѓу другите судии во февруари, претставува прекршување на високо тајниот процес на расправа меѓу судиите во кои нивните одлуки не се познати додека не бидат официјално издадени пресудите.

Тие позиции може да се променат во текот на расправата, дури и по изготвувањето на мислењето на мнозинството, а конечната одлука се очекува пред Судот да го заврши актуелниот мандат кон крајот на јуни или почетокот на јули.

XS
SM
MD
LG