Линкови за пристапност

Врховниот суд најави истрага за протечениот документ за можна забрана на абортусот


Иако документот опишан во вчерашните извештаи е автентичен, тој не претставува одлука на Судот или конечна позиција на кој било член за прашањата во случајот, се вели во соопштението од Врховниот суд
Иако документот опишан во вчерашните извештаи е автентичен, тој не претставува одлука на Судот или конечна позиција на кој било член за прашањата во случајот, се вели во соопштението од Врховниот суд

Врховниот суд најави дека ќе отвори истрага за протекување на нацрт - мислење што покажува дека мнозинството во Судот е за укинување на значајната одлука „Роу против Вејд“ од 1973 година, со која се легализираше абортусот на национално ниво.

„Иако документот опишан во вчерашните извештаи е автентичен, тој не претставува одлука на Судот или конечна позиција на кој било член за прашањата во случајот“, се вели во соопштението од Врховниот суд.

Претседателот на САД Џо Бајден денес рече дека не е јасно дали протечениот документ од Врховниот суд за можна забрана на абортусот во САД е веродостоен, како и дали ја одразува конечната одлука на Судот.

Тој додаде дека ако е автентичен, а Судот има намера да го поништи случајот „Роу против Вејд“, „ќе биде обврска на избраните функционери на нашата нација на сите нивоа на власта да го заштитат правото на жените на избор“.

Бајден рече дека ќе биде „ и до гласачите да изберат функционери што ќе го поддржуваат правото на избор на жените овој ноември“.

Во ретко протекување од највисокиот суд во САД, Политико објави дека добил нацрт - мислење на Врховниот суд што покажува дека мнозинството во Судот е за укинување на значајната одлука „Роу против Вејд“ од 1973 година, со која се легализираше абортусот на национално ниво.

XS
SM
MD
LG