Линкови за пристапност

Непростлива е изјавата на Лавров за Зеленски и еврејското потекло на Хитлер, вели Израел

Израел го повика рускиот амбасадор во државата поради коментарите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за нацизмот и антисемитизмот, објави Асошиетед прес.

Лавров во интервју за италијански медиум рече дека Украина сè уште може да има нацистички елементи дури и ако има некои фигури Евреи, вклучувајќи го и претседателот на земјата, велејќи дека „Хитлер исто така имал еврејско потекло“.

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид изјавите ги нарече „непростливи и скандалозни и е ужасна историска грешка.“

Острата реакција на Лапид се разликува од досегашната позицијата на Израел за војната во Украина, која што се обидува да задржи неутралност.

This item is part of
XS
SM
MD
LG