Линкови за пристапност

Конгресменката Тени најави можни санкции за Бугарија поради ветото за Северна Македонија


Според неа, Бугарија не се однесува во согласност со НАТО стандардите, и смета дека разговорите меѓу Скопје и Софија не се сериозни колку што би требало да бидат
Според неа, Бугарија не се однесува во согласност со НАТО стандардите, и смета дека разговорите меѓу Скопје и Софија не се сериозни колку што би требало да бидат

Конгресменката Клаудија Тени вели дека размислува да формира коалиција на Капитол Хил што би работела на можни санкции против Бугарија оти не го трга ветото за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

Во интервју за Гласот на Америка, таа вели дека се покажало оти официјалното писмо што група конгресмени го испратија до бугарскиот амбасадор во Вашингтон Тихомир Стојчев не функционирало, како и дека целта на ваквата коалиција со членови од Претставничкиот дом и Сенатот, би била да ја поттикнат Бугарија на дијалог.

„Ако би можеле да најдеме накаков вид санкции што би биле ефективни за да ги доведеме на маса, или нешто што би поттикнало решение на овој конфликт и безобразно однесување, кое би можело да доведе до агресија и до проблеми во иднина во овој регион“, рече Тени.

Таа зборува за односот меѓу Скопје и Софија, ангажманот на САД во решавање на билатералниот спор, како и за безбедносните ризици за Западен Балкан од војната во Украина.

Глас на Америка: Бугарија досега не го тргна ветото и покрај посетите на Донфрид, Ескoбар и на други европски лидери, кои бараат што побрзо Северна Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ. Се сведоа ли на некој начин овие посети на политички туризам, а не на нешто што би донело реални промени?

Тени: Направивте добра поента. Мислам дека е важно да продолжиме да дозволиме Албанија и Северна Македонија евентуално да влезат во ЕУ. Навистина не можам да коментирам дали се само политички туризам или се суштински, но бугарското прашање сè уште виси. И очигледно треба да ги притискаме да се вклучат во дијалог, во разговор и да ги минимизираме нивните обиди за дестабилизација на ситуацијата за која треба да најдеме решение. Ова има негативно влијание врз остатокот на Западен Балкан. Загрижена сум дека овие разговори се во сенка на она што се случува во Украина и можеби не се толку сериозни како што би можеле да бидат.

Глас на Америка: Бугарскиот владин врв, предводен од премиерот Кирил Петков, неодамна дојде во Битола да отвори културен центар именуван по историски докажан нацистички соработник Ванчо Михајлов. Кој е вашиот коментар на тоа, и дали сметате дека однесувањето на Бугарија е во согласност со НАТО стандардите?

Тени: Очигледно не. Разочарана сум што гледам како Бугарија продолжува да постапува и време е за поагресивна акција на САД во однос на дипломатски притисок врз нив и да ги доведеме на маса. За жал, мислам дека нема да го добиеме тоа од администрацијата на Бајден. Тие не изгледаат толку заинтересирани за овој регион во светот, кој мислам дека е еден од најкритично важните региони во светот. Отсекогаш бил порта меѓу Истокот и Западот. И секогаш е многу, многу важно ние како земја да ги поддржуваме сојузниците на НАТО во овој регион. Како што знаете, не се сите сојузници на НАТО, и не се сите во ЕУ. Значи, имаме многу историја и години на борба во овој регион.

Глас на Америка: Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека македонскиот идентитет е фалсификат на комунистичката интернационала. Со вакви коментари, верувате ли дека Бугарија е всушност сериозна во преговорите да го тргне ветото до крајот на француското претседателство со ЕУ во јуни?

Тени: Не сум сигурна дека навистина можам да кажам што мислам дека ќе направат. Нивните постапки досега не ни дадоа позитивно чувство за она што го прават во однос на одговорно лидерство. Ќе видиме што ќе се случи понатаму со ветото. Тешко ми е да предвидам што ќе се случи и да шпекулирам за тоа кои се нивните намери.

Глас на Америка: Претседателот Радев вели дека Македонците се фалсификат, додека Путин вели дека Украина е измислена држава. Јавноста прави споредба меѓу двата наратива. Дали вие гледате сличност во изјавите?

Тени: Не ги видов тие коментари, но тие звучат многу како Путин. Звучи како некој што е диктатор, или кој сака да биде диктатор, кој сака да стекне моќ, а не навистина да обезбеди лидерство и да биде вистински лидер да ги штити и унапредува интересите на Бугарите. Мислам дека тој се докажува себеси како несоодветен за работата. За жал, не мислам дека тие имаат слободни и фер избори во таа земја, исто како што немаат во Русија, и сигурна сум дека имаат многу силна пропагандна машина што го одвраќа народот навистина да ја дознае вистината. Тоа е дел од напорите што САД би можеле да ги направат со посилни дипломатски односи и посилен дијалог, за да обезбедат ресурси што им се потребни на овие земји да можат да ја запрат дестабилизацијата и да им дадат на граѓаните можност за подобар владин систем, подемократски.

Глас на Америка: Сметате ли дека санкции против Бугарија во овој момент се разумни со оглед на тоа што две години го блокира почетокот на пристапните преговори?

Тени: Би сакалa да видам повеќе информации за тоа што всушност може да биде ефективно во однос на санкциите. Понекогаш иницираме санкции и тие не се ефективни. Знаеме дека долги години имавме санкции за разни субјекти, без разлика дали тоа беа Иранците, Русите... Тие не ги спречуваа или одвраќаа во многу случаи. Како и со Русите, да бевме поагресивни во енергетските санкции, бидејќи знаете дека гасот и нафтата ја движат руската економија, ќе беше поболно за нив. Но, тие санкции сè уште не се воведени. Нема да бидат до јуни. Така, Русите и остатокот од светот продолжуваат да ја финансираат и поттикнуваат оваа ужасна војна и злосторствата што ги гледаме во Украина. Мислам дека ќе видите нешто слично. Можеби треба да имаме подобра стратегија што всушност би ги испровоцирала Бугарите до ситуација да ги запрат напорите за дестабилизација и на многу начини навредливите потези што ги прават, наспроти, знаете, санкции што нема да имаат никакво влијание врз нив. Mислам дека треба да одредиме кои би биле најефективните санкции, ако се одлучиме за тој пат. И дали тие воопшто ќе бидат ефективни. Значи, сакаме да се погрижиме да имаме позитивен исход. Не сакаме да предизвикуваме на некој начин неправилно однесување што го гледаме од нив, секако, безобразно на многу начини.

Глас на Америка: Планирате ли да испратите уште едно официјално известување до бугарскиот амбасадор во Вашингтон за да ја повикате Бугарија да го тргне ветото?

Тени: Во моментов, бидејќи работите изгледаат како да не функционираат, сигурно би испратиле уште едно писмо, но се чини дека грубо формулираните писма не функционираат. И мислам дека всушност треба да формираме коалиција од членови на Конгресот, членови на Сенатот, како и со земји кои имаат залог во овој регион во светот, со цел да се поттикне некаков дијалог и разговори. Зборував за потенцијалот на некој вид санкции доколку успееме да најдеме такви кои би биле ефективни за да ги доведеме на маса, или нешто што би поттикнало решение на овој конфликт и оваа агресија, велам агресија, всушност вид на безобразно однесување што може да доведе до агресија и до проблеми во иднина во овој регион.

Тени рече дека би испратила уште едно писмо до Бугарија, но оти претходното не дало резултати
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:46 0:00

Глас на Америка: Албанија рече дека ќе бара да се одвои од Северна Македонија на патот кон ЕУ ако во брзо време не се тргне ветото. Ваш коментар?

Тени: Навистина не сакам да коментирам за тоа во моментов затоа што сакам да видам што ќе се случи понатаму. Не сум запознаена со околностите.

Глас на Америка: Се промени ли пристапот на САД кон Западен Балкан по руската инвазија на Украина? Гледате ли потреба од итна интеграција на регионот во ЕУ поради безбедносни ризици?

Тени: Мислам дека многу од овие земји се ранливи. И тие се ослонуваат на поддршката од САД како клучен сојузник. Она што го покажува украинската стратегија и украинската ситуација со Русија е колку е важно САД да продолжат да имаат уште посилен ангажман во земјите од Западен Балкан, затоа што не сакаме да видиме какво било слично ужасно сценарио на Западен Балкан како што гледаме во Украина.

Глас на Америка: Која е вашата најголема грижа во однос на безбедносните ризици поврзани со војната во Украина?

Тени: Она што би можело да се случи ако продолжи руската инвазија, е да продолжи преку Украина сè до Јадранското Море. Потенцијално и сè до југот на Балканот.

Тени: Разговорите за тргање на бугарското вето не се сериозни како што би можеле да бидат
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:37 0:00

XS
SM
MD
LG