Линкови за пристапност

Спорот со Бугарија да се реши сега, не евентуално, рече конгресменот Китинг


Тој рече дека посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје е сигнал за нова можност за дијалог, но, оти е потребна брза акција
Тој рече дека посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје е сигнал за нова можност за дијалог, но, оти е потребна брза акција

Потребно е итно да се реши спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија оти одложувањето на пристапниот процес едноподруго ќе има последици во целиот регион, изјави за Гласот на Америка на македонски демократскиот конгресмен од Масачусетс Бил Китинг.

Тој рече дека посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје во вторникот е сигнал за нова можност за дијалог, но, оти е потребна брза акција.

„Времето е важно. Луѓето направија големи жртви. И се надевам дека и Бугарија ќе сфати дека Северна Македонија и Албанија направија големи напори и се жртвуваа придвижувајќи го процесот на пристапување напред. И не е лесна задача да се добие поддршка од целата Европска Унија, освен од нив“, рече Китинг.

Китинг вели дека разговорот кој сега се одвива меѓу двајцата премиери за зајакнување на бизнис и инфраструктурните врски му дава надеж дека ќе се постигне напредок, но, додаде „мојата итна порака по средбата што се случи е сумирана во еден збор - итност“.

„Мислам дека на крајот ова ќе се реши, но, евентуално не е вистинскиот збор. Постои итност да се делува сега. Како што знаете, постои голем стрес во целиот регион и во другите земји, покрај Албанија и Северна Македонија, кои ќе изгубат надеж. Многу од нив сакаат да почнат да се движат во таа насока, но мора да видат напредок на крајот на тоа, за да им се овозможи да ја придвижат таа агенда напред. Значи, тоа е навистина прашање на итност. Тоа е клучно“, вели конгресменот, кој е еден од потписниците на писмото што двопартиска конгресна група го испрати до бугарскиот амбасадор во Вашингтон Тихомир Стојчев на крајот на минатата година.

Тој рече дека преку писмото на најцврст начин побарале од Бугарија да го реши проблемот.

„Мислам дека ќе добиеме писмо назад, се надевам дека чекаат да одговорат со одреден напредок во тој поглед. Ние ќе продолжиме да работиме да го завршиме тоа. Сепак, останувам со надеж, но реален. Како што спомнав се работи за временска рамка. Едноподруго одложување сигурно ќе му наштети на процесот, не само во тие две земји, туку и кај другите држави “, рече тој.

Според него, евентуалното одвојување на Северна Макеоднија и Албанија на патот кон Европската Унија би можело да доведе до уште поголемо одложување на процесот.

„Мислам дека тоа би било непотребно. Мислам дека ЕУ го разгледува нивното пристапување заедно. Не сакаме да направиме ништо за дополнително да го одложиме процесот“, смета тој, и додаде дека „Албанија и Северна Македонија направија многу во процесот на пристапување во ЕУ и тој прогрес и таа работа треба да се наградат со придвижување“.

Постои итност да се делува сега, рече конгресменот Китинг за спорот со Бугарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:00 0:00

По посетата на Петков на почетокот на минатата неделата, телефонски раговараа и претседателите на Северна Македонија и Бугарија Стево Пендаровски и Румен Радев.

Кабинетот на претседателот Пендаровски соопшти дека „двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на бугарскиот премиер, како и претстојните активности во Софија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за негово интензивирање во наредниот период“.

Телефонскиот разговор меѓу Пендаровски и Радев доаѓа во пресрет на заедничката седница на владите на двете земји најавена за во вторник во Софија.

XS
SM
MD
LG