Линкови за пристапност

Вархеји: Северна Македонија е дел од Европа, нема време за губење околу процедурите за ЕУ


Вархеји: „Посветени сме на продолжување на напорите за почеток на пристапните преговори пред крајот на француското претседавање со Советот на ЕУ“.
Вархеји: „Посветени сме на продолжување на напорите за почеток на пристапните преговори пред крајот на француското претседавање со Советот на ЕУ“.

Голем интерес на медиумските екипи да добијат изјава од еврокомесарот за проширување.

Но, Оливер Вархеји реши да ги избегне новинарите за време на посетата на Скопје, прва по изборот на владата на премиерот Ковачевски.

Пораките за владиниот врв и за јавноста ги сподели преку Твитер – „Посветени сме на продолжување на напорите за почеток на пристапните преговори пред крајот на француското претседавање со Советот на ЕУ. Македонија е дел од Европа. Нема време за губење за забрзување на процедурите“, напиша Вархеји.

Еврокомесарот за проширување во Скопје, средби со државниот врв
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

По средбата, од Кабинетот на Ковачевски соопштија дека било констатирано дека европските интеграции на Северна Македонија и на соседните земји се потребни за Западен Балкан, но и на самата Унија.

„Постои согласност дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Република Северна Македонија, што во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна. Премиерот Ковачевски нагласи дека тој останува посветен исклучиво на принципите на почитување на европските вредности и на разговори базирани на респект и достоинство, за што се согласиле со премиерот Петков при воспоставувањето на дијалогот“, се вели во соопштението.

Сличен бил заклучокот и на вчерашната средба на Вархеји со Кирил Петков во Софија – „дека имале отворен разговор за идните чекори кои ќе водат кон одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија“.

Ваква порака се очекува и од утрешната посета на Скопје на помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Карен Донфрид која е на турнеја низ земјите од Западен Балкан. Според Стејт департментот, на средбата со владините претставници Донфрид ќе ја сигнализира силната американска поддршка за почеток на пристапните преговори со ЕУ и ќе повика Северна Македонија да ја продолжи „блиската соработка за низа регионални, безбедносни и одбранбени прашања за промовирање на демократијата и регионалната стабилност“.

XS
SM
MD
LG