Се динамизираат обидите за кревање на бугарското вето поради кое, освен Скопје, заглавена е и Тирана. Случувањата во Украина и руското влијание во регионот го актуелизираа прашањето за Западен Балкан во агендата на клучните европски дипломати. Првиот човек во ресорот проширување, зборувајќи на дебата за односите меѓу Унијата и Балканот, што се одржа токму во Бугарија, понуди свој личен ангажман за изнаоѓање решение.
Не можам да сокријам дека сум крајно разочаран што се уште разговараме за ова прашање зашто мислевме дека го надминавме уште пред 2 години, но сега пак е на маса.Вархеји, еврокомесар за проширување
„Кога си во Софија, едно прашање е неизбежно, а тоа е кога ќе се одржи првата Меѓувладина конференција. Не можам да сокријам дека сум крајно разочаран што се уште разговараме за ова прашање зашто мислевме дека го надминавме уште пред 2 години, но сега пак е на маса. Ако имате моќ, а не ја користите другите тоа ќе го сметаат за предавање на вашите моќи. Сите земји – членки треба да веруваат на трасформативната моќ на пристапувањето. Тоа е пораката што пак ја донесов во Софија и ако треба тука ќе доаѓам онолку пати колку што е неопходно за работата да се реши во јуни.“, изјави Оливер Вархеји, еврокомесарот за проширување.
Вметнување на Бугарите во македонскиот устав пред почеток на преговорите, е позицијата што ја изнесе шефицата на бугарската дипломатија. Генчовска не сака да зборува за рокови, како што е јуни кој го спомена Вархеји, за постигнување решение.
„Со нашите најблиски соседи во Скопје сме во постојана комуникација водени од интересот за намалување на разликите создадени во времето на југословенскиот режим. Вложуваме ресурси и политички капитал во обид да изнајдеме взаемно прифатливо решение кое ќе овозможи евроинтеграцискиот процес на Скопје да се развива на здрави основи, а тоа зависи и од политичка волја и од конкретни резултати, а не од поставување крајни рокови.“., изјави Теодора Генчовска, министерка за надворешни работи на Бугарија.
Македонскиот министер за надворешни работи предупреди дека токму немањето предвидливост во процесот носи разочараност кај граѓаните, фактор кој други сили може да го искористат.
Она што е ново, за жал, тоа е руската агресија врз Украина и тој факт ја поддржува аргументацијата дека ќорсокакот во евроинтеграциите е извор за системска ранливост на регионот.„Она што е ново, за жал, тоа е руската агресија врз Украина и тој факт ја поддржува аргументацијата дека ќорсокакот во евроинтеграциите е извор за системска ранливост на регионот. Таа ранливост е поради отворените прашања и поради руското влијание кое ја користи фрустрацијата кај нашите граѓани поради отсуството на предвидливост.“. оцени Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.
Она што е ново, за жал, тоа е руската агресија врз Украина и тој факт ја поддржува аргументацијата дека ќорсокакот во евроинтеграциите е извор за системска ранливост на регионот.Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија
Актуелни и поранешни високи претставници на Унијата предупредуваат дека ЕУ мора да биде конзистентна во своите политики кон Балканот, но и да ги исполнува дадените ветувања кон регионот.
„Секогаш бев уверена во ова – дека нема место за никој, од геостратешки аспект, сериозно да се натпреварува со ЕУ во Западен Балкан, но само ако Унијата е конзистентна во своите политики, а кредибилитетот на ЕУ е веќе разнишан.“, истакна Федерика Могерини, поранешна претставничка на Е за безбедносна и надворешна политика.
„Шесте земји од Западен Балкан мора да продолжат напорно да работат за да одговорат на пристапните критериуми и да се преземат искрени напори за решавање на отворените билатерални прашања. Но, и Унијата мора да ги исполни ветувањата, мора да испорачаме. Северна Македонија и Албанија ги исполнија обврските за почеток на преговори.“. истакна Роберта Метсола, претседателка на Европскиот Парламент.
Истите пораки, но во Скопје, се очекува да ги прати и еврокомесарот Вархеји кој, според најавите, утре доаѓа во посета на земјава, прва откако новата влада стапи на должност.