Линкови за пристапност

Донфрид ќе ја посети Македонија за да даде поддршка за преговорите со ЕУ, соопшти Стејт депарментот


Помошник-државниот секретар на САД за европски прашања Карен Донфрид ќе патува во Западен Балкан од 25. до 29. април, соопшти Стејт департментот.

Според соопштението, Донфрид ќе биде во Северна Македонија на 28. април и ќе се сретне со владините лидери за да ја сигнализира „нашата силна поддршка за пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ и да им се заблагодари за нивната поддршка за Украина“.

Стејт департментот додаде дека таа ќе ја охрабри Северна Македонија да ја продолжи блиската соработка на разни регионални, безбедносни и одбранбени прашања, со цел да промовира демократија и регионална стабилност.

Донфрид ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

XS
SM
MD
LG