Линкови за пристапност

САД и ЕУ разговарале за формално отворање на пристапните преговори на Македонија со ЕУ


Тие ја изразија својата поддршка за формално отворање на пристапните преговори со ЕУ на Северна Македонија и Албанија“, се вели во соопштението од Стејт департментот
Тие ја изразија својата поддршка за формално отворање на пристапните преговори со ЕУ на Северна Македонија и Албанија“, се вели во соопштението од Стејт департментот

Заменичката на државниот секретар на САД Венди Шерман и генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи Стефано Санино, го поддржале отворањето на пристапните преговори на Северна Макеоднија со Европската Унија за време на нивната средба во Брисел, соопшти Стејт департментот.

„Заменик-секретарот Шерман и генералниот секретар Санино, исто така, имаа можност да разговараат за други клучни прашања за надворешната политика од заеднички интерес, вклучително и тековната силна координација и соработка во Западен Балкан за унапредување на неговата европска интеграција и стабилност. Тие ја изразија својата поддршка за формално отворање на пристапните преговори со ЕУ на Северна Македонија и Албанија“, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Тие го истакнале и цврстото партнерство меѓу САД и ЕУ и го поздравиле трансатлантското единство и координација во одговор на неиспровоцираната воена агресија на Русија против Украина, вклучително и за санкциите и контролата на извозот.

XS
SM
MD
LG