Линкови за пристапност

Конгресменката Елеонор Холмс Нортон стана членка на групата за поддршка на Македонија


Демократската конгресменка од главниот град Вашингтон Елеонор Холмс Нортон, се приклучи на конгресната група за поддршка на Македонија и македонските Американци, објави Македонската обединета дијаспора (ОМД).

Нортон е и коспонзор на неодамнешната резолуција во Претставничкиот дом, со која се предлага септември 2022 година да се прогласил за месец на македонското американско наследство. Целта на оваа резолуција, која допрва треба да се гласа и во Претставничкиот дом и во Сенатот, е да се слави македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот придонес во САД.

Во моментов, во конгресната група за поддршка на Македонија има 36 членови на Конгресот.

XS
SM
MD
LG